Столе се одбрани од напаѓачите на Барса, но не и од својот соиграч (Видео)

Столе Димитриевски прими еден гол од Барселона, но Рајо Валјекано освои бод против фаворитот, играјќи нерешено 1-1, и потврдувајќи дека традиционално им се незгоден ривал на Каталонците.

Рајо не знае за пораз од Барса откако на клупата на Барселона е Чави, а Столе има примено само два гола на последните пет меча против актуелниот шпански првак.

Голот за Барселона падна во 82-ра минута кога Французинот Лежун сакајќи да го спречи Левандовски, ја закачи топката и го измами Димитриевски.

https://twitter.com/i/status/1728424645332812103

- Оглас -

Најнови вести