Столе совладан во 90+5, Еспањол со пресврт славеше над Рајо

Еспањол оствари значајна победа буквално во последните секунди во мечот против Рајо Валјекано со конечни 2-1. Екипата за која брани нашиот Столе Димитриевски прими гол во петтата минута од судиското надополнување и остана без бодови по гостувањето во Барселона.

Рајо до предност стигна преку Ба во 33-тата минута, додека Иглесиас израмни на 1-1 од белата точка во 72-та минута. Победничкиот погодок го постигна Дардер, само неколку секунди пред судијата да означи крај на средбата од 23-тото коло во Ла Лига.

Рајо сега брои 12 порази во првенството, и со 23 бода засотанува едне бод над сигурната зона, додека Еспањол по четири негативни резултати забележа победа и сега има 28 бода, а се наоѓа на 11-тото место на табелата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести