Стоп и за тенисот, нема АТП-турнири до крајот на април

Асоцијацијата на тениски проферсионалци, АТП, официјално ја суспендираше сезоната во траење од шест недели поради пандемијата од Корнавирус во светот. АТП ќе се обиде од 27 април повторно да ја актирвира сезоната. Засега нема информации што ќе биде со ВТА, но треба да се очекува и жените да ги откажат претстојните турнири. Одложено е и финалето на Фед купот кое требаше да се игра од 14 до 19 април во Будимпешта.

Откако Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на коронавирусот, АТП веднаш повлече потег за заштита од заразата и ги откажа турнирите, иако најголем број тенисери сакаа сезоната да продолжи, но без присуство на публика на нивните мечеви.

Откажани се Мастерс турнирите во Индијан Велс, Мајами и Монте Карло, а нема да се игра ниту во Хјустон, Маракеш, Барселона и Будимпешта.

- Оглас -

Најнови вести