Стоп за Блокотехна, Гостивар со голем триумф се враќа од Гевгелија

Заврши победничката серија на Блокотехна по денешниот пораз од Гостивар со конечни 84:68. Гевгеличани беа изненадени од избраниците на Марјан Србиновски, кои со голем мотив дојдоа во Негорски Бањи и ја остварија третата победа сезонава.

Уште од стартот на средбата гостите ја направија првата иницијатива и ја контролираа топката. По освоените две четрвртини, Гостивар на пауза замина со седум поени предност при резултат од 37:30. Блокохетна во продолжението се обидуваше да се врати, со минимални 16-15 го освоија третиот период. Меѓутоа, Гостивар не дозволи да ја испушти тешко изборената предност, туку напротив, ја направија најголемата разлика од +13 во решавачкиот период.

Фурстингер одново беше најефикасен во составот на Гостивар, реализираше 25 поени, а му недостасуваше еден скок за да оствари дабл-дабл учинок. Костовски додаде 16 поени. Кај поразените, Гаидус со 23 поени беше најрасположениот кошаркар, 15 поени додаде Мијатовиќ, 13 Николиќ.

- Оглас -

Најнови вести