Странците од Интер ќе играат за своите репрезентации, а Италијанците не

Селекторот на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, иако сакаше, од здравствени причини не ги повика во националниот тим фудбалерите на Интер: Барела, Бастони и Сенси, но странците кои играат за Интер, ќе им се придружат на нивните селекции.

Мечот на Интер со Сасуоло беше одложен поради четири позитивни случаи во Интер, па играчите на овој клуб треба да седат дома во самоизолација поради опасност од ширење на заразата, но тоа нема да се случи.

Лукаку, Брозовиќ, Перишиќ, Шкринијар, Хакими и Ериксен, треба да заиграат за своите репрезентации, се разбира доколку утре имаат негативни резултати на тестирањето за Ковид-19.

Од Интер се жалат дека некои фудбалски федерации правеле притисок врз здравствените власти во Италија да дозволат заминување на фудбалерите во странство, доколку имаат негативен тест.

- Оглас -

Најнови вести