Страотен пад на Шмидхофер при брзина од 115 км/ч., ги проби двете заштитни огради (Видео)

Тежок инцидент се случи на денешната спуст трка во Вал д‘Изер, откако Австријката Никол Шмидхофер во финишот на патеката, при брзина од 115 километри на час, лошо процени една кривина и директно се удри во заштитата ограда. Падот беше страшен, таа ги проби двете заштитни огради и заврши во шумата.

Шмидхофер, која има 31 година и настапи со стартен број 11, на носила беше спуштена до целната рамнина, а според првите информации, таа имала многу среќа и нема скршеници, туку минала само со повреди на лицето. На денешниот женски спорт победи Корин Сутер од Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести