Страотен судар – Пелкас си го прегриза јазикот и заврши во болница (Видео)
Гркот од редовите на Фенербахче доживеа хорор повреда во дуелот со Словенецот Нејц Скубиќ, но за среќа мина без посериозни последици

Димитриос Пелкас доживеа хорор повреда по која заврпи во болница, а по страотниот судар со Нејц Скубиќ си го прегриза јазикот и падна во бесознание на теренот.
Фудбалерот на Фенербахче не го забележа противникот од Коњаспор на денешниот дуело од турскаат Суперлига и со цела сила се зби во него и се повреди.
Моментот од 80. минута и страотниот судар и дуел меѓу Пелкас и Скубиќ можете да го погледнете ОВДЕ.
Пелкас веднаш беше пренесен во болница, но по првичните прегледи прогнозите се одлични и Пелкас нема сериозни повреди, па си замина за Истанбул со остатокот од екипата на Фенербахче.
Член на Коњаспор е младинскиот репрезентативец Ердон Даци, но денеска беше резерва на мечот што Фенербахче го доби со 3:0.