Натајас Фредерик на атрактивен начин со страотно лево кроше го нокаутира Џејми Ричардсон во главната борба на ММА-турнирот во Лондон, а потоа им се извинуваше на противникот, на неговиот стручен штаб и на судиите.
Фредерик во екот на борбата не забележа дека Ричардсон е веќе нокаутиран и не пружа отпор, па се обиде да зададе уште неколку удари.
https://twitter.com/CageWarriors/status/1337537111252217856?s=20
Нокаутот беше страотен, за среќа без посериозни последици по Ричардсон, а победникот ја одбрани титулата во средна категорија и потоа за гестот и извинувањето доби пофалби од ММА-заедницата.