Голема несреќа во Формула 2: Двајца возачи се во сериозна состојба по страшниот удар (ВИДЕО)

Страшна несреќа се случи на Формула 2 трката во Саудиска Арабија.

Енцо Фитипалди и Тео Пурше завршија во болница по несреќата којашто се случи на самиот старт.

Болидот на Шару Рејсинг систем, во кој беше Фитипалди, не стартуваше и остана во место. Откако неколку болиди успешно го поминаа, на него налета Пурше, кој едноставно се заби во формулата.

Веднаш потоа на самата патека пристингаа амбулантните возила, кои дури 30 минути ги вадеа возачите и ги транспортираа во најблиската болница.

Сè уште не е позната нивната состојба, а неколку новинари од самата патека дадоа неофицијални информации дека Фитипалди се здобил со сериозни скршеници на двете нозе.

Енцо е внук на легендарниот Емерсон Фитипалди, кој е двократен првак во Формула 1.

Воедно, се разгледува и евентуално поместување на главната трка од Ф1 шампионатот, но засега сè уште нема официјални информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести