Страшна повреда на Јанис Адетокумбо (Видео)

Милвоки бакс не само што загуби во четвртиот меч од финалето на Истокот против Атланта, тие останаа и без својот најдобар играч, Јанис Адетокумбо. Популарниот Грик Фрик се повреди во третата четвртина, кога при еден доскок, згазна на ногата на Клинт Капела.

Јанис се обиде да блокира, но откако не успеа, при доскокот заработи болна повреда. Првичните информации се дека Гркот има хиперекстензирано лево колено и речиси сигурно е дека нема да игра на следниот меч од финалната серија на Истокот.

Атланта на четвртиот дуел беше без својата прва ѕвезда Тре Јанг и покажа дека со тимска игра може да се надополни сечие отсуство. Сега ќе биде Милвоки на ред да покаже дека знае да победува и без Јанис во составот.

„Не е добро. Никогаш не е добро кога ќе загубиш играч, а не посебно кога тоа е најдобриот играч во тимот“, рече крилото на Милвоки, Пи Џеј Такер.

 

- Оглас -

Најнови вести