Страшна симболика за Алекс Трајковски – Го даде последниот гол за Палермо, вечерва во неговиот град ја шокира Италија (Видео)

Александар Трајковски вечерва постигна гол на кариерата за Македонија во неговиот град Палермо и со прецизниот удар во 92-рата минута го урна мундијалскиот сон на Италија.

https://twitter.com/LG_65/status/1507118057088589835?s=20&t=uRlv_WkvkMko61nlJ69VBg

Македонија ќе го игра завршниот бараж-меч за настап на Мундијалот во Катар против Португалија на 29 март во Порто, а голот на Трајковски има и многу симболика.

Играше од 2015 до 2019 за УС Чита ди Палермо, како што беше оригиналното име на клубот, и тој го даде последниот гол пред големата криза на „Розевите“ што ги однесе во Серија Д пред три години. Потоа и клубот го смени името во Палермо фудбал клуб и сега игра во Серија Ц во Италија.

Стрелецот на последниот гол за Палермо со старото име вечерва го расплака градот Палермо со сензационален гол во 92-рата минута, со кој Македонија приреди уникатна сензација и го победи актуелниот европски првак и четирикратен светски шампион Италија.

- Оглас -

Најнови вести