Страшна трагедија: Поранешен соиграч на Куртоа и Де Бројне тргнал да потпише договор, а загинал во сообраќајна несреќа

Анеле Нгконгка, поранешниот фудбалски репрезентативец на Јужна Африка, денеска загинал во сообраќајна несреќа. Нгконгка имаше само 34 години, а загинал откако автомобилот кој го управувала неговата сопруга излетал од патот.

Фудбалерот и сопругата патувале да стигнат на состанок на кој требало да се потпише договор за Нгконгка да заигра за локалниот тим Амазулу. Нгконгка испаднал од автомобилот и починал на самото место, додека неговата сопруга е тешко повредена и се наоѓа во животна опасност.

За репрезентацијата на Јужна Америка играше во периодот од 2009 до 2016 година, а вкупно 53 пати го носел националниот дрес. Беше дел и од Светското првенство кое во 2010 година се оддржа токму во Јужна Африка. На клупско ниво, Нгконгка дури 10 години помина во тимот на Генк, со кој се радуваше на титула во Белгија, а двапати го освојуваше и националниот куп.

 

- Оглас -

Најнови вести