Балотели е камен пијан и едвај стои на нозе – Фудбалот веќе не го интересира, на тренинг не се појавил повеќе од 10 дена (Видео)

Марио Балотели повторно се истакна во свој стил и е фатен како излегува од ноќен клуб во Швајцарија во видно алкохолизирана состојба.

Девојката што е со него му помага на пијаниот фудбалски ас да се држи на нозе, а популарниот Супер Марио едвај одржува рамнотежа.

Балотели ова лето се пресели од Адана Демирспор во Сион и потпиша двегодишен договор, но велат дека не се појавил на тренинг во последните 10 дена.

Италијанскиот репрезентативец беше еден од најголемите таленти во неговата генерација, но немирниот дух го спречи да направи многу подобра кариера.

Сега има 32 години и е член на Сион, а во минатото настапуваше за гигантите Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Марсеј…

Има и 36 настапи за репрезентацијата на Италија, на кои има постигнато вкупно 14 гола.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести