Страшно: Голманот ја скрши ногата, а плус заработи црвен картон (Видео)

Лос Анџелес и Филаделфија одиграа 3:3 по неверојатни 130 минути игра, во финалето на американското фудбалско првенство. Во голема драма, двата тима не успеаа да стигнат до победата, а освен шесте гола, мечот го одбележа и еден немил инцидент.

Во еден напад на Филаделфија, голманот на Лос Анџелес, Максим Крепо истрча и сакајќи да ја исфрли топката, се судри со противничкиот играч. Двајцата паднаа на земја, а судијата покажа црвен картон за голманот на ЛА.

За жал, освен црвениот картон, голманот на Лос Анџелес заработи и скршеница на ногата, па следуваше неколку минутна пауза.

- Оглас -

Најнови вести