Страшно изгледа навивачот на Евертон по нападот на хулиганите на Милвол (Фото)

Хулиганите на Милвол уште еднаш потврдија дека се едни од најлошите во Англија, а тоа го потврдија и по завршување на дуелот од ФА купот против Евертон. Милвол победи со 3-2, а потоа се случи хаос.

Една група фанови на Милвол од едната страна, а од другата фанови на Евертон започнаа тепачка, која делуваше дека е ферска како во минатото што се случувало во Англија, само со раце и нозе, без никакво оружје. Сепак, еден хулиган на Милвол извадил нож и тешко повреди еден ривал од спротивната група.

Џејсон Барнс е името на навивачот кој остана со трајна лузна на лицето по тепачката со ривалите од Милвол. Барнс реши да покаже како изгледа по таа тепачка.

- Оглас -

Најнови вести