Страв од „граѓанска војна“ во Париз, се бара затворање на најпознатиот булевар!

Градските власти во Париз бараат славниот централен булевар во градот, „Шанзелизе“ (Елисејски полиња) да биде затворен вечерва за време и по полуфиналето на Светското првенство во фудбал помеѓу Франција и Мароко за да се спречат нереди меѓу фановите на двете селекции.

Мечот е од висок ризик за Париз, па префектурата во градот реши да мобилизира 2.000 полицајци, дури 800 повеќе од саботата, кога се играше четвртфиналето. Но, градоначалникот на осмиот реон, каде што се наоѓа една од најпознатите улици на светот, смета дека и 2.000 се малку и единствен начин да се спречат инциденти е да се затвори булеварот по 20 часот.

Во Франција живее огромна мароканска заедница, па полицијата во Градот на светлината ќе има многу работа доколку дојде до судир на Французите со Мароканците.

- Оглас -

Најнови вести