Стравична глетка: Како изгледа автомобилот во кој загина Рејес (Фото)

Некогашниот шпански репрезентативец Хосе Антонио Рејес загина во сообраќајна несреќа на пат меѓу Севилја и неговиот роден град Утрере. Искусниот 35-годишен фудбалет беше член на Екстрамадура.

Инцидентот на автопатот А367 се случил во 11:40 часот денеска, кога автомобилот управуван од Рејес излетал од патот и се запалил. ПРвичните информации се дека фудбалерот возел со брзина поголема од 200 километри на час. Се работи за автомобил Мерцедес Брабус С550, кој бил сопственост на играчот.

Од силината на ударот, автомобилот целосно изгорел, а некогашниот играч на Реал Мадрид, Арсенал и Севилја немал никакви шанси да се спаси.

- Оглас -

Најнови вести