Строго е во НБА – Брадата е под истрага, преговарал тајно за новиот договор со 76-те

Џејмс Харден е под истрага во НБА за бизарен случај што се однесува на неговото продолжување на договорот со Филаделфија 76.

Популарните 76-ки го продолжија договорот со Брадата на две години за вкупна сума од 68.6 милиони долари, иако Харден имаше опција за едногодишно продолжување на соработката за сума од 47 милиони долари што е подобра опција.

Во НБА се смоневата дека харден и Филаделфија преговарале и се одговориле за ваква опција пред дозволениот рок, 30 јуни, кога почна трансфер периодот во најсилната кошаркарска лига нна светот.

Не е дозволено во НБА да се преговара пред назначениот рок, што според сомневањата го сториле Харден и челниците на Филаделфија.

 

- Оглас -

Најнови вести