Стручњак на годината: Објасни дека Меси во Мадрид бил сопрен од човек кој беше на трибината!

Победата на Реал Мадрид против Пари Сен Жермен е топ тема оваа недела, па низ целиот свет се правеа анализи како се случи Кралскиот клуб од негатива 0:1 за само едно полувреме да даде три гола на најскапиот тим во светот и на тој начин да го елиминира.

Од многуте стручни анализи, посебно одекна онаа на Освалдо Пасквал дадена за бразилскиот ЕСПН. „Стручњакот“ откри дека Касемиро бил еден од најзаслужните за победата на Реал, иако Бразилецот воопшто не играше.

Поради парни жолти картони Касемиро беше суспендиран и дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ го следеше од трибините, но Пасквал го испофали како одиграл посебно против Лионел Меси.

„Меси не играше како вистинскиот Меси затоа што му беше затворен просторот меѓу одбраната и средниот ред, каде што тој е најдобар. Реал таму имаше играч кој знаеше како да ја заврши работата. Тоа е Касемиро. Токму Касемиро доминираше на средината на теренот и Меси остана незабележан“, кажа Пасквал во својата анализа, според која воопшто не го ни гледал натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести