Стоперот Каракамишев е јунакот на Силекс и со неговиот гол во 81-вата минута кратовци ја победи Струга Трим Лум на гостински терен и се пласираа во финалето на македонскиот куп.
Каракамишев беше најснаодлив во финишот, погоди со удар со глава за големо славење и прва победа на Силекс на гостувањата во Струга.
Домаќините по голот имаа и нов малер, останаа со 10-мина играчи во поле и покрај притисокот не успеаја да израмнат и да се изборат за пенали.
Силекс ќе го игра четвртото финале во клупската историја, а двапати беа победници, во 1994 и во 1997 година.
Противник во мечот за пехарот ќе им биде Академија Пандев, екипа која исто така како гостин вчера ја победи Македонија Ѓорче Петров со 3:1.
Финалето на македонскиот куп ќе се игра на 19 мај.