Струга ќе продава поефтини билети за ЛК, иако и кога цената беше 1.200 денари ги продадоа сите карти

Шампионот на Македонија, екипата на Струга Трим Љум, откако доживеа елиминација од Жалгирис во квалификациите за Лигата на шампионите, својот европски настап го продолжува во второто коло од квалификациите за Конференциската лига.

Противник на стружани во оваа фаза ќе им биде шампионот на Црна Гора, Будуќност од Подгорица. Раководството на клубот ја шокираше целата македонска фудбалска јавност кога објави дека билетите за дуелот против Жалгирис се продаваат за 1.200 денари, иако со секој купен билет се добиваше гратис маичка со логото на клубот и сезонски билет за сите домашни натпревари.

Изненадување беше кога Струга Трим Љум преку социјалните мрежи информираше дека успеала да го распродаде целиот стадион, што навистина беше така, со оглед на тоа дека новата трибина на стадионот “Билјанини извори“ во Охрид беше исполнета до последното место.

Сега за дуелот со Будуќност билетите се продаваат по цена од 500 денари или дваиполпати поефитно за разлика од дуелот со Жалгирис, но за разлика од тогаш, сега оние кои ќе купат билет ќе може само да уживаат во фудбалот, но не и да добијат гратис подарок.

- Оглас -

Најнови вести