Струга во квалификациите за ЛШ ќе игра против клуб кој е попознат по кошарката отколку по фудбалот

Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум во првата квалификациска рунда за Лигата на шампионите за противник го доби литванскиот Жалгирис од Вилнус.

Првиот меч ќе се игра во Литванија на 11 или 12 јули, а реваншот е една недела подоцна во Скопје.

Стружани можеа да минат и подобро и полошо бидејќи можни ривали им беа и клубови како бугарскиот Лудогорец, унгарскиот Ференцварош, Шемрок роверс од Ирска и ТНС од Велс. Лошо за Струга е што литванската лига е во тек, па противникот ќе биде во натпреварувачки ритам.

- Оглас -

Најнови вести