Проработе струмичката врска – Премиерот Заев и капитенот Пандев си посакаа успех на ЕП (Фото)

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ги испрати од скопскиот аеродром фудбалските репрезентативци на патот кон Букурешт.

Првиот човек на нашата Влада симблично, со дрес со бројот 10 му посака успех на Европското првенство на капитенот Горан Пандев и на неговите соиграчи предводени од селекторот Игор Ангеловски.

Заев беше и на пречекот на нашите фудбалски јунаци на граничниот премин со Косово кога беше остварен историскиот успех со победата од 1:0 во Тбилиси, против Грузија на 12 ноември лани.

Македонските репрезентативци веќе се на пат за Букурешт, град што ќе ни биде база за првите два натпревари. Почнуваме против Австрија на 13 јуни, потоа ќе играме пак во Букурешт на 17 јуни со Украина, а фазата по групи ќе ја завршиме со меч против Холандија на 21 јуни во Амстердам.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести