Сцена од Ел Класико која го обиколи светот: Меси се тресе, усните му „играат“ (Видео)

Лионел Меси е во голема криза кога се работи за мечевите против Реал Мадрид. Капитенот на Барселона веќе седум меча по ред нема погодок во Ел Класико, нешто што никогаш досега не му се случило.

Синоќа, Меси успеа да ја погоди стативата, но не и да погоди, па веќе 567 минути поминаа од неговиот последен гол против Реал Мадрид. Тоа се случи во мај 2018 година во ремито 2:2, кога играше и Кристијано Роналдо за Реал Мадрид.

Синоќешниот дуел во Мадрид го одбележа големото невреме кое се појави над стадионот, посебно во второто полувреме. Пороен дожд со силен ветер повеќе од 20 минути „дивееше“ во Мадрид, а играчите не престанаа да водат безмилосна борба на теренот.

За тоа колку беа лоши временските услови за игра се виде и во моментот кога камерата го забележа Меси како целиот натопен стои на теренот, а неговата рака и тело неконтролирано се тресат од студениот ветер. Веднаш потоа, Меси го замени водениот дрес, но играта на Аргентинецот не се поправи.

https://streamable.com/3au581

 

- Оглас -

Најнови вести