Суарес може да го пропушти дербито против Реал Мадрид

Стадионот „Серамика“ во Валенсија е едно од омилените места за постигнување голови на Луис Суарес, уругвајскиот напаѓач даваше гол против Вилјареал на последните три гостувања против овој тим, па вечерва Суарес ќе се потруди да ја продолжи таа серија, овојпат како член на Атлетико Мадрид.

Вечерашниот меч против Жолтата подморница е многу важен за Атлетико бидејќи победа за нив ќе значи дека во дербито против Реал Мадрид следната недела ќе влезат со бодовна предност и како лидери на табелата во шпанската Ла Лига.

Гол(ови) се чека(ат) од Суарес и најверојатно тој нема да биде поштеден, туку ќе игра од првата минута, но неговото појавување на терен носи и ризик. Суарес, кој со Барса никогаш не загубил лигашки меч од Вилјареал, мора да внимава да не направи жолт картон бидејќи ако добие јавна опомена, тоа ќе значи суспензија и дека ќе мора да паузира во следното коло, кога Атлетико има градско дерби и меч можеби за титула.

Суарес е прв стрелец на Атлетико, но веќе три меча по ред нема дадено гол. Тоа веројатно му предизвикува мала нервоза и нетрпение, па не е исклучено да направи глупост по која судијата ќе му покаже картон, а тоа ќе значи хендикепиран Атлетико во следното коло.

- Оглас -

Најнови вести