Суарес му се налути на Симеоне, иако Чоло имаше најдобри намери (фото)

Со оглед на тоа дека во сабота навечер Атлетико ќе се соочи со Реал во градското дерби закажано во рамките од 13-тото коло во Ла Лига, Диего Симеоне не сакаше да ризикува и при водство од 1-0 против Салцбург го извади Луис Суарес од игра на околу 25 минути до крајот на мечот.

Уругваецот беше видно незадоволен од одлуката на својот тренер, па седнувањето на клупа воопшто не го прифати како професионалец. Причината за реакцијата всушност не е лутина кон Симеоне, туку кон себе бидејќи Суарес го продолжи петгодишниот пост без погодок на гости во Лигата на шампионите.

Како и да е, оваа лутина Суарес ќе може да ја преточи во мотивација за добар настап против Кралевите, со надеж дека ќе сфати дека популарниот Чоло имаше најдобри намери што го извади од игра.

- Оглас -

Најнови вести