Суарес не го менува бројот на дресот, па ги изеде „традиционалните заушки“ на тренинг (Видео)

Луис Суарес беше претставен како нов играч на Атлетико Мадрид, а тој и во новата клупска средина ќе го носи дресот со бројот 9 на грбот. Деветката беше слободна по заминувањето на Алваро Мората на позајмица во Јувентус, па немаше дилеми дека Уругвецот кој дојде од Барселона, ќе го земе овој број кој низ историјата го носеа многу славни голгетери.

Суарес по претставувањето, веднаш замина на тренинг, а откако се поздрави со тренерот Диего Симеоне, пред почетокот на тренингот мораше да мине низ тунелот кој го направија играчите на Атлетико и тие го удрија по еднаш за добредојде.

https://twitter.com/i/status/1309539089205653504

- Оглас -

Најнови вести