Суарес одби да стане најплатен фудбалер во историјата на МЛС лигата

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарес, одбил богата понуда од Интер Мајами. Според информации на американски медиуми, клубот на Дејвид Бекам, на Уругваецот му понудил годишна плата од 8 милиони евра (9,5 милиони долари), со што би бил најскапо платен играч во историјата на МЛС лигата.

Сепак популарниот Пистолеро ја одбил великодушната понуда, а стариот рекорд на Златан Ибрахимовиќ кој во Лос Анџелес галакси имаше плата од 7,2 милиони долари годишно, сега е урнат. Интер од Мајами го засили нападот со Гонзало Игуаин кој дојде од Јувентус, и ќе добива 8,8 милиони долари, па сега тој е најскап играч во историјата на МЛС. Желбата на Бекам беше атомски напад во кој покрај Игуаин би бил и Суарес, но ќе треба да почека за такво нешто.

Суарес уште е член на Барселона и најдоцна до 6 октомври ќе се знае дали ќе остане во Каталонија или ќе се пресели во Јувентус или некој друг клуб.

- Оглас -

Најнови вести