Суарес пред 12 години со црвен картон беше јунак против Гана, Африканците желни за реванш (Видео)

Ждрепката за СП ги смести Гана и Уругвај во иста група, и тоа ќе биде интересен меч за гледање, поради она што се случуваше во 2010 година, на Мундијалот во Јужна Африка.

Во 90-та минута, при 1-1, Гана имаше шанса за гол, но топката со рака ја запре Луис Суарез. Судијата му даде црвен картон на Суарез, и досуди пенал за Гана.

Изведувач на најстрогата казна беше Асамоа Гијан, но ја погоди пречката и мечпот отиде во продолженија. На пенали, победи Уругвај, и така Гана не успеа да стане прва африканска земја која стигнала до полуфинале на СП, а Суарез од трагичар, се претвори во јунак и спасител на Уругвај, бидејќи без неговиот „ракомет“, Уругвај немаше да игра полуфинале.

- Оглас -

Најнови вести