Деновиве во САД владее хаос откако Афроамериканецот Џорџ Флојд беше убиен од полицијата во Минесота, па и многумина спортисти даваат поддршка на протестите против расизмот и полициското насилство.
И уругвајскиот фудбалер Луис Суарес, кој настапува за Барселона, реши на „Инстаграм“ да објави црна фотографија и порака со поддршка за борбата против расизмот. Сепак, само неколку минути подоцна мораше да ги исклучи коментарите. Многу негови следбеници го критикуваа за дволичност и потсетија дека пред неколку години тој на расистичка основа го навредуваше Французинот Патрис Евра.