Суарес се враќа во клубот каде што му почна блескавата кариера?

Ајакс тргнува во офанзива по потписот на Луис Суарес, кому му е кажано дека слободно може да бара нов клуб. Барселона почнува со распродажба да играчите и тотална реконструкција на тимот, а први кои треба да си заминат се членовите постари од 30 години.

Токму искусниот Уругваец е еден од нив, а како што јавуваат холандските медиуми, управата на Ајакс веќе воспоставила контакти со Суарес и со Барселона.

Блескавата кариера на Суарес му почна на „Јохан Кројф арената“, кога во летото 2007 година го облече дресот на Копјаниците. Во четири години Суарес одигра вкупно 159 меча, во кои реализира 111 гола и 68 асистенции.

Таму покажа дека е расен голгетер и заработи трансфер во Ливерпул, а сега има шанса да се врати во Амстердам како последна шанса да игра на врвно ниво пред да стави крај на кариерата. Преселба во САД, односно во МЛС-лигата, исто така му е опција на Суарес.

- Оглас -

Најнови вести