Најдобриот стрелец во историјата на уругвајската фудбалска репрезентација, Луис Суарес, со задоволство се врати во националниот тим, а тоа се гледа и на фотографиите од првиот тренинг, каде што постојано е насмеан.
Славниот голгетер вели дека е среќен како првиот пат кога бил повикан во репрезентацијата и не верувал дека повторно ќе заигра за својата земја по разочарувањето на Мундијалот во Катар, но доби повик од новиот селектор Марсело Бјелса.
Уругвајците задутре играат со светскиот првак Аргентина, па Суарес ќе има дуел со неговиот пријател Лионел Меси во битка за место на следниот Мундијал во 2026.