Суарез: Ме бараат клубови од Америка, ама јас сум фокусиран само на едно нешто

Луис Суарез ја заврши авантурата во Атлетико Мадрид, откако клубот се одлучи да не му го продолжи договорот. Уругваецот изјави дека има понуди од три клуба од Аргентина, Бразил и Мексико, но има една желба.

„Имам понуди од три клуба од Аргентина, Бразил и Мексико, но јас имам желба да останам да играм во некоја од најсилните лиги во Европа.

Иако многумина мислат дека сум стар, јас сметам дека сум сè уште добар да играм на врвно ниво и тоа е мојата желба“ изјави Суарез за медиумите.

За Атлетико Мадрид, уругваецот одигра 67 натпревари и постигна 32 погодоци, а во првата своја сезона успеа да ја освои и титулата во Ла Лига.

 

- Оглас -

Најнови вести