Суарез си ја честиташе Новата година со потпис за нов клуб

Луис Суарез летоска реши дека е време да си замине од Европа и се врати во родниот Уругвај, каде потпиша договор со Национал. По само неколку месеци поминати во Национал, Суарез изненадувачки реши дека сака да си замине и сите мислеа дека повторно ќе се врати да игра во Европа.

Сепак, докажаниот голгетер реши да се пресели во Бразил, потпишувајќи за екипата на Гремио. Според најавите, договорот е потпишан на една година, со опција за продолжување на уште една сезона.

Гремио ќе биде седми клуб во кариерата на 35-годишниот фудбалер, кој освен за Национал има играно и во Атлетико Мадрид, Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона.

Суарез беше дел и од Светското првенство во Катар и многумина веруваат дека тоа е неговиот последен настап на Мундијал. Во репрезентативниот дрес на Уругвај досега има одиграно 137 натпревари и постигнал 68 голови.

- Оглас -

Најнови вести