Судбина: Сетјен му го нанесе единствениот пораз на Валверде на „Камп ноу“

Ернесто Валверде издржа две и пол години на клупата на Барселона, a за тој период донесе четири трофеи на „Камп ноу“, од кои два се шампионските титули на Шпанија. Сепак, главната причина за отказот е неуспехот на европската сцена, што е примат на Каталонците секоја година.

Валверде замина на мала врата, за отказот дозна преку својот агент иако лично присуствуваше на повеќечасовниот состанок на одборот на директори. Сепак, шпанскиот стратег заслужува повеќе почит бидејќи негува речиси перфеткен учинок на „Камп ноу“.

Имено, во 69 средби во сите натпреварувања, Барселона со Валрверде претрпе само еден пораз пред своја публика. Тоа е мечот против Реал Бетис, кој се одигра во ноември 2018 година, Каталонците загубија со 3-4, а кормилар на тимот од Андалузија беше токму Кике Сетјен, наследникот на Валверде.

- Оглас -

Најнови вести