Судиите во главна улога во првото полувреме на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед и Вулверхемптон играат без голови по првото полувреме во последниот натпревар од првото коло во Премиер лигата, но судиите беа во главна улога.

Судијата Хупер му додели жолт картон на играчот на Вулверхемптон, Нури, бидејќи го задржува времето при изведување аут, а потоа не досуди пенал за Јунајтед иако Семедо бранеше со рака.

Црвените ѓаволи ја имаа првата шанса во 11-тата минута, Ентони го проигра Маркус Рашфорд на десната страна, но шутот на напаѓачот го одбрани голманот на Вулверхемптон,Жосе Са.

Првата шанса за гостите беше во 26-тата минута, Куња сам го помина речиси целиот терен, го проигра Сарабија, чиј шут заврши неколку сантиметри покрај стативата на Онана.

- Оглас -

Најнови вести