Судиите во Премиерлигата се размавтаа со црвени картони

Црвениот картон кој го заработи Бразилецот Матеуш Переира на дуелот ВБА – Кристал Палас, беше 13-ти сезонава во Премиерлигата, а дури 12-ти директен црвен, што е 92 проценти од исклучувањата во англиското првенство. За споредба, во минатата сезона од 44 исклучувања, само 25 беа со директни црвени картони (57 отсто), а останатите поради два жолти.

Дали судиите имаат инструкции да не толерираат, не е познато, но фактите говорат дека бројот на црвени картони е зголемен и дека судиите често посегнуваат по ваков начин на казна.

Судијата Тирни денеска го исклучи Переира при 1-1, а потоа со играч помалку, Вест Бромвич немаше шанса против лондонските гости, па на крај Палас предводен од Бентеке и Заха победи со убедливи 5-1. Кристал Палас испиша историја, првпат даде 5 гола на едно гостување од премиерлигата, а играле 404 меча.

За тренерот Рој Хоџсон ова е 11-та победа во кариерата против екипа која ја има водено во минатото. Овие 11 победи се изедначување на премиерлигашкиот рекорд. Хоџсон им прави друштво на Сем Алардајс и Хари Реднап.

- Оглас -

Најнови вести