Судија на црномурен играч му покажа црвен картон и среден прст (Видео)

Огромен скандал се случи на пријателскиот меч помеѓу летонските тимови РФС и Рига, а во центарот на вниманието беше судијата Андрис Трејманис, кој веројатно ќе дели правда и на Светското првенство во 2022 година.

Познатиот ФИФА судија му покажа црвен картон на играчот од Брегот на слоновата коска, Седрик Куадио, а веднаш потоа му покажа и среден прст. Клипот брзо стана популарен на социјалните мрежи. Судијата кој има 35 години, даде свое објаснување.

„Добив многу пораки и телефонски повици. Затоа сакам да објаснам што се случи. Фудбалерот, мислејчи дека не го гледам, му покажа среден прст на противникот. Веднаш го исклучив. Тој ме праша зошто, но не го разбра моето устно објаснување, па требаше да му го повторам гестот, за да му стане јасно зошто добил црвен картон” – објаснува Трејманис.

Од клубот РФС се извинија за гестот на нивниот играч и го оправдаа судијата.

Погледнете што се случи:

- Оглас -

Најнови вести