Судија во БиХ фатен како зема мито за време на натпревар (ФОТО)

Судијата Захид Џедовиќ е суспендиран од страна на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина откако беше фатен како прима мито среде натпревар.

Тој, како асистент на мечот меѓу Добој и Младост во пониските фудбалски лиги на оваа држава, се заврте кон навивачите кои му нудеа 20 конвертибилни марки (околу 600 денари) и во еден момент посегна и ги зеде.

Сепак, ако се суди според сликата, тогаш голема е веројатноста дека станува збор за шега, која може скапо да го чини.

Тој ја чека одлуката на судиската комисија од ФС на оваа држава и во моментов е ставен на „ладење“. Погледнете ја фотографијата и проценете сами дали се работи за шега или пак судијата беше сериозен во намерата да ги земе парите.

- Оглас -

Најнови вести