Судијата бараше автограм од Меси, но доби голема суспензија (Видео)

Интер Мајами пред неколку дена го победи Спортинг Канзас сити со 1:0 во првиот меч од шеснаесетфиналето Лигата на шампионите на КОНКАКАФ. Иако немаше никакви посериозни пропусти во текот на мечот, главниот судија Марко Ортиз заработи голема суспензија.

Судијата Ортиз беше суспендиран поради интеракција со Лионел Меси. Веднаш по завршување на натпреварот, судијата се поздравуваше со сите играчи, што е стандардна процедура. Тоа што беше нестандардо е дека арбитерот бараше автограм од аргентискиот виртуоз.

Веднаш стигна реакција од челниците на Фудбалската федерација на Средна и Северна Америка (КОНКАКАФ), објави дека судијата заработил суспензија дури од шест месеца.

Судијата Ортиз објаснил дека автограмот бил како подарок за член од неговата фамилија кој е со посебни потреби. Иако се работи и за таков случај, одлуката е да не му се „прогледа низ прсти“ на мексиканскиот арбитер.

Ортиз се извинил и ја прифатил казната. Во следните шест месеци тој нема да може да ја дели правдата на дуели од меѓународен карактер, но сепак ќе може да биде судија на дуели од домашото првество во Мексико.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести