Судијата го погрешил резултатот, поради тоа од лига испадна погрешен клуб

Судиите често знаат да ги посочат како главни виновници за пораз на некој тим. Често сме сведоци на банални и неверојатни судиски грешки, но тоа што се случило на Канарските острови е неверојатно.

По завршувањето на еден меч, судијата во записникот забележал погрешен резултат. Се работи за меч кој се играл уште во октомври минатата година меѓу Казабланка и Лос Колорадос, во Првата регионална лига. Лос Колорадос победил со 2:1, но арбитарот забележал дека мечот завршил 1:1.

Подоцна судијата забележал дека направил грешка и испратил запис до Комитетот за натпреварување да се смени резултатот. Сепак, неговото барање било одбиено и резултатот останал 1:1. На крајот, ваквата грешка значело спас за Казабланка.

Со бодот кој им бил поклонет од судијата, Казабланка на крајот завршила со 28 бодови, колку што имал и тимот на ЦД Сауцилио, но поради подобрата гол-разлика, Казабланка остана во лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести