Судијата на бизарен начин го прекрши протоколот за Коронавирусот и сега ќе биде казнет

Ватфорд синоќа на свој терен минимално со 1:0 го победи Мидлсбро во првото коло од новата сезона во Чемпионшип и покажа дека ќе се обиде експресно да се врати во Премиер лигата. Домаќините поведоа уште во 11 минута, а тоа се покажа и како клучен момент за трите бода да останат за Ватфорд.

Освен погодокот, мечот го одбележа и судијата Кеит Строуд кој е еден од најискусните арбитри во Англија. И покрај неговото големо искуство, Строуд направи една бизарна грешка. Пред почетокот на мечот, арбитарот го прекрши протоколот за заштита од Коронавирусот.

За време на излегувањето на теренот, Строуд ја зема топката и ја бакна, нешто што е најстрого забрането по новите протоколи. Ваквиот потег на Строуд со бакнување на топката е ритуал кој го прави со години како знак за среќа. Сепак, сезонава сигурно нема да смее повеќе да ја бакнува топката пред мечот, а за пропустот кој го направи синоќа, ќе мора да плати парична казна.

 

- Оглас -

Најнови вести