Судијата што се караше во ВАР-собата, ќе ги „лови“ спорните ситуации на Грузија – Македонија

Само пред два дена во англиската Премиер лига, судијата Ентони Тејлор се најде во фокусот на вниманието откако досуди два пенали во корист на Лестер во дуелот против Вулверхемптон. Џејми Варди го реализираше првиот удар од белата точка, а вториот беше непрецизен.

Токму за втората досудена најстрога казна имаше дилеми, па дури и расправија за тоа дали е пенал или не. Во ВАР-собата беа арбитрите Нил Сварбрик и Стујард Атвел, кои буквално се караа околу одлуката дали е пенал или не. Токму Стујард Атвел ќе биде во ВАР-собата и на стадионот во Тбилиси да ги „лови“ спорните ситуации на дуелот Грузија – Македонија, а Тејлор ќе биде главен арбитер.

Тејлор еднаш веќе ѝ судел на Македонија во март 2015 година, кога нашата селекција загуби од Белорусија со 1-2 на домашен терен. Се надеваме дека в четврток главниот судија Тејлор и Атвел во ВАР-собата ќе бидат среќни за Македонија.

- Оглас -

Најнови вести