Судиското продолжение е период кога Јунајтед е најопасен (видео)

Манчестер јунајтед успеа да триумфира со минимални 1-0 против Вулверхемптон, со погодокот на Маркус Рашфорд во третата минута од судиското надополнување во дуелот на „Олд Трафорд“.

Волците цврсто се држеа да ја сочуваат мрежата и речиси успеаја во тоа, меѓутоа дополнителните минути се период во кој Јунајтед е најопасен, а тоа го докажа расположениот Рашфорд.

При неговиот удар за победничкиот гол, англискиот ас доби мала помoш од Сајс, кој го смени правецот на топката пред Патрисио да ја затресе мрежата.

https://twitter.com/poker_pi/status/1344039838035664899

Манчестер јунајтед скокна до второто место на табелата со 30 бода, два помалку од Ливерпул, додека седмиот пораз на Волците ги остави на 12-тата позиција со 21 бод.

- Оглас -

Најнови вести