Судува и Гент се последните пречки за Спировски и Велковски пред влез во групите

Стефан Спировски и Дарко Велковски се македонските репрезентативци кои може да ја претставуваат нашата земја во групната фаза од Лигата на Европа. Спировски, кој е член на унгарски Ференцварош, за ривал во плејофот ќе ја има литванската Судува, а Ријека на Велковски треба да игра двомеч со белгиски Гент, кој ако го мине, ќе игра во групите од ЛЕ.

Синоќа од квалификациите испаднаа неколку сегашни и поранешни македонски репрезентативци.

Освен мечот Судува – Ференцварош и Гент – Риека, другите двојки за плејофот се: Копенхаген – Рига, Селтик – АИК Стокхолм, Арарат – Дуделанж, Лудогорец – Марибор, Линфилд – Карабах, Слован Братислава – ПАОК, Астана – БАТЕ Борисов, Торино – Вулверхемптон, АЕК – Трабзонспор, Легија – Ренџерс, Феенорд – Хапоел Бер Шева, Стеауа – Гимараиш, ПСВ – Аполон, Еспањол – Зорја, Партизан – Молде, Брага – Спартак Москва, Малме – Бнеи Јехуда, Стразбур – Ајнтрахт и АЗ Алкмар – Антверпен.

- Оглас -

Најнови вести