Супер отворање на поранешниот европски првак – На тренинг со навивачи, проработе и клупската продавница (Видео)

Играчите на Порто денеска го имаа првиот тренинг во својот комплекс речиси по двомесечен застој поради корона-вирусот, а со песна и пиротехничко шоу ги дочекаа навивачите на клубот.

Тренерот Серџо Консеисао ги предводеше популарните Змаеви на тренингот, а поранешниот двоен европски првак имаше одличен ден откако од раководството одлучија и да ги отворат популарните клупски шопови, каде што можат да се купуваат сувенири, дресови и опрема со клупските симболи на Порто.

Португалците најавија дека очекуваат околу 30 мај да ја продолжат сезоната, а токму Порто е лидер на табелата со 60 бода, пред големиот ривал Бенфика со 59 бода.

Тие две екипи се единствени конкуренти за титулата, а ќе биде неизвесно дали Порто ќе успее да ја освои 29-тата шампионска круна во Португалија или Бенфика ќе стигне до рекордниот 38-ми пехар.

Видеото со навивачкото шоу што го приредија симпатизерите на Змаевите можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести