Супер типот во Sport Life чести: Триумф на Атлетико со квота 1.78!

Денешната понуда од Супер типот на Sport Life е составена со 11 парови. Изборот на натпревари е разновиден, има фудбал, кошарка, тенис за обложување, па затоа треба да се искористи понеделничката понуда за збогатување на евентуалната добивка на ливчињата кои ги составувате.

Како најповолен „зицер“ може да се издвои евентуален „кец“ на Атлетико Мадрид против Селта со квота 1.78. Јорганџиите се фаворити и би требало да ги освојат бодовите против екипата во Виго, за продолжување на походот кон титулата во Шпанија.

Отвореното првенство на Автралија започна ноќеска, а во понудата се најдоа два дуели од гренслемот кои исто така се примамливи за обложување.

Мемфис гризлис – Торонто репторс, дуелот од НБА-лигата исто така може да се искористи, а ваше е да одберете дали ќе ја искоритите квотата за 2.45 за „кец“ во корист на Мемфис или пак фаворитот Торонто ќе биде добитен со коефициент 1.88.

- Оглас -

Најнови вести