Супер вест за Лампард: Челзи ќе може да купува играчи во јануари

Челзи по правен пат успеа да ја намали суспензијата за купување фудбалери на еден трансфер-прозорец наместо два, како што беше првично донесена одлуката од страна на ФИФА. Сините поднесоа жалба до Судот за спортска арбитража која денес беше прифатена, па шесткраткиот англиски првак ќе може да ја празни касата уште во претстојниот јануарски преоден рок, а не да го чека крајот на актуелната сезона.

Суспензијата претходно стапи на сила на 1 јули годинава. Челзи заслужено беше казнет поради прекршување на 150 правила во кои беа инволвирани околу 70 млади фудбалери. Европскиот првак од 2012 година воедно плати 600.000 швајцарски франци како парична казна, а по сменетата одлука, таа сума е намалена за двојно.

Тоа значи дека Френк Лампард ќе има 150 милиони фунти како средства на располагање во почетокот на 2020 година кои очекувано ќе бидат потрошени со цел да се засили тимот. Предводникот на Сините засега одлично ја извршува задачата со она што му е на располагање, за кратко време го претвори Челзи од тим со купени ѕвезди, во екипа која се потпира на квалитетите од академијата, а младите играчи како Абрахам, Маунт и Томори се доказ за успехот на овој ризичен потег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести