Суперкомпјутер пресмета кои се главните фаворити на Мундијалот и какви се шансите на сите 32 селекции да бидат прваци

Светско првенство во Катар ќе започне за пет месеци, а веќе започнаа калкулациите за тоа кои репрезентации имаат најголеми шанси да се искачат на планетарниот трон. Познати се и осумте групи, па сајтот “The Analyst” кој е дел од прочуената аналитичка куќа „Опта Спорт“ објави резултати од последните пресметки направи од Суперкомпјутер.

Според пресметките на Суперкомпјутерот, актуелниот светски првак Франција има најголеми шанси за повторно да се радува на трофејот. Пресметано е дека Галските петли имаат 17,93 отсто шанси да бидат шампиони.

Потоа следуваат Бразил со 15,73 отсто, Шпанија (11,52 %), Англија (8,03 %), Белгија (7,90 %), Холандија (7,70%), Германија (7,21 %), Аргентина (6,45 %)…

Без шанси за освојување на Богињата се Костарика, Саудиска Арабија и Камерун, а интересно дека 0,01% шанси им се даваат на Канада, Мароко, Тунис и Австралија, додека 0,02% има Гана.


- Оглас -

Најнови вести