Суперкомпјутерот пресмета: Сити, Ливерпул и Арсенал сигурно ќе се пласираат на местата кои водат во ЛШ (Фото)

Суперкомпјутерот повторно има своја прогноза за пласманот на екипите во Премиер лигата. Не е некој успех да се погоди дека Манчестер Сити е главен фаворит, но овојпат прогнозата е за екипите кои ќе иборат пласман во европските купови.

Манчестер Сити (99.93%), Ливерпул (91.11%) и Арсенал (82.54%) се речиси сигурни учесници, додека четвртиот ќе се бара помеѓу Тотенхем, Манчестер јунајтед, Брајтон и Њукасл.

Интересно шансите за такво нешто да стори екипата на Челзи се речиси никакви, односно само 2.1 проценти.

Токму дел од овие екипи се и големи фаворити за победите на денешните натпревари од Премиер лигата, Ливерпул на гости кај Вулверхемптон, Манчестер сити на гостувањето кај Вес хем, а Тотенхем и Њукасл на домашните мечеви против Шефилд јунајтед, односно Брентфорд.

- Оглас -

Најнови вести